СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Филиповска-Грашкоска: Инспекциските служби бележат намалување на бројот казни во угостителските објекти

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција во Владата информираше дека во овој временски период направени се вкупно 5503 контроли од кои Пазарниот инспекторат има направено 3743 контроли и 614 надзори. Здравствниот и санитарен инспекторат спровел 67 надзори и издал шест решенија поради коснтатирани неправилности. Здраствените инспектори во овој период издале и 11 523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице.

-Речиси две недели инспекциските служби постапуваат според новите поголеми овластувања. Контролите на инспекциските служби покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави, но факт е дека одредени субјекти повторно не ги почитуваат протоколите. Нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје. Почитувањето на протоколите е неопходно во справувањето со оваа здравствена криза и за функционирање на системот. Мора да прифатиме и да разбереме дека оваа состојба ќе потрае,но доколку сите заеднички ги почитуваме мерките и протоколите, ќе придонесеме за успорување на ширењето на вирусот и за запирање на пандемијата . Инспекциските служби ќе продолжат да функционираат со полн капацитет, и нема да има толеранција за прекршителите на здравствените протоколи!“, изјави Филиповска-Грашкоска.

Поврзани вести

Повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата и зголемување на работното време, ветува директорот на Пошта

Влатко Зорба

Арена Спорт во понудата на Неотел

Влатко Зорба

ОПЕК+: Нафтената војна е завршена, но поради коронавирусот бензините остануваат ефтини