СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Развиен метод за дијагностицирање на аутизам со скенирање на окото

Научниците од Хонг Конг го развија првиот метод во светот за дијагностицирање на аутизам со скенирање на окото, објави „South China Morning Post“.

За студијата беа користени специјални камери достапни на пазарот и компјутерска анализа на слики. Овој брз и неинвазивен метод беше во можност да идентификува знаци на нарушување на аутистичниот спектар кај деца со точност од 96 проценти.

„Резултатите се покажаа доста неочекувани и многу подобри отколку што замислувавме“, рече Бени Ци, шеф на истражувачкиот тим на Кинескиот Универзитет во Хонг Конг.

Според него, новиот метод може да открие ризик од аутизам дури и кај доенчиња, но тоа е предмет на дополнителни тестови. До моментов, истражувањето опфатило 46 деца.

Поврзани вести

Huawei потврди кои смартфони ќе добијат ажурирање до EMUI 10

msp-admin

ЕУ создава „дигитален близнак“ на планетата Земја

Влатко Зорба

„Епл“ има идеја за стаклена тастатура

msp-admin