СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Додека сите гледаат во Bitcoin, друга валута расте во сенка: Сега е над 1.200 долари!

Малку во сенка на порастот на Bitcoin (BTC), друга криптовалута расте силно во последните неколку недели. Се работи за Ethereum (ETH).

Ethereum силно „повлече“ во понеделникот и по три години лесно префрли над 1.100 долари, зголемувајќи ја својата пазарна вредност далеку над 100 милијарди долари, но тогаш не ја избегна корекцијата.

ETH моментално вреди 1.240 долари на платформата CoinMarketCap.

Растот на пазарот на криптовалути се очекува да продолжи и оваа година, бидејќи инвеститорите ќе бараат алтернатива на слабеењето на доларот и, како кај благородните метали, бараат заштита.

Повеќето предвидувања велат дека пазарната капитализација на BTC ќе достигне трилиони долари (во моментов над 650 милијарди долари) и дека може да достигне 10 проценти од пазарната капитализација на златото.

Во моментов, најпознатата дигитална паричка има вредност од нешто над 39.000 долари.

Поврзани вести

„Копањето“ Биткоин може да ја подигне ГЛОБАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА за 2 степени до 2033 година

Влатко Зорба

Grayscale купуваат над 5.000 Bitcoin за помалку од 24 часа

Влатко Зорба

Што да очекуваме од Биткоин во март?

Влатко Зорба