СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

НА ЧЕКОР од широка употреба: Маск му даде „ВЕТАР ВО ГРБ“ на Биткоин

Милијардерот Eлон Маск рече дека биткоинот е „на чекор“ да биде широко прифатен меѓу инвеститорите, изразувајќи поддршка за криптовалутата.

Коментарите доаѓаат откако извршниот директор на „Тесла“ ја постави ознаката „биткоин“ на Твитер и со тоа донесе скок во вредноста на дигиталната паричка од 14 проценти.

За време на неговото гостување во апликацијата Clubhouse, Маск рече дека тој е поддржувач на Биткоинот, а разговорот привлече илјадници слушатели.

„Мислам дека биткоинот е на чекор да биде широко прифатен од конвенционалните финансии“, рече тој и додаде дека требал да купува пред осум години.

Маск е основач, извршен директор и главен соработник за технологија на „СпејсЕкс“, ко-основач, инвеститор, извршен директор на „Тесла“, основач и извршен директор на „Неуролинк“ и основач на „Боринг Компани“.

Тој е исто така ко-основач и поранешен претседател на СоларСити, како и ко-основач на ПејПал.

Маск неодамна стана најбогатиот човек на светот, бидејќи неговото богатство ја надмина бројката од 185 милијарди долари, што го симна Џеф Безос од тронот.

Поврзани вести

По MasterCard, и Visa воведува криптовалути

Влатко Зорба

Како растеше вредноста на Bitcoin во последните 10 години (инфографик)

Влатко Зорба

Гејтс го смени мислењето за криптовалутите

Влатко Зорба