СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Андресен Хоровиц“ планира фонд за криптовалути

Гигантот за ризичен капитал „Андресен Хоровиц“ планира да собере 1 милијарда долари за фонд за инвестирање во криптовалути и крипто-стартапи, дознава „Фајненшл тајмс“.

Новиот фонд има за цел да собере од 800 до 1 милијарда долари од инвеститори, се вели во извештајот, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање.

„Андресен Хоровиц“ не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Оваа информација доаѓа во време на силен раст на многу криптовалути од почетокот на оваа година и влегување на многу компании, како што е „Тесла“, во крипто-светот.

Поврзани вести

Најпопуларната дигитална паричка повторно паѓа

Влатко Зорба

Создаде криптовалута на 19-годишна возраст и сега е ВТОРА НАЈВРЕДНА во светот

Се намалува бројот на Bitcoin китови

Влатко Зорба