СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Маск се врати на Твитер, за да донесе нови височини на Dogecoin

Основачот на Tesla, Елон Маск се врати од самонаметнатата пауза од Твитер за да објави низа пораки за крипто-валутата Dogecoin.

„Dogecoin е крипто (валута) на народот“, напиша милијардерот на социјалната мрежа.

Тој исто така сподели меме, кој ја отсликува сцената од филмот „Кралот лав“, но со лицето и муцката на кучето шиба-ину, кое стана амблем на Dogecoin.

Криптовалутата, на шега започна во 2013 година, се искачи на околу 5 центи во последните 24 часа од 3 центи. Во моментов на пишувањето на материјалот, Dogecoin се тргуваше за 0.04857 долари, што е раст од 50,04% за 24 часа.

Растот до одреден степен се должи на твитовите на Маск, кои започнаа пред околу 10 часа.

Денешната цена е исто така највисока за криптовалутата од минатата недела, кога Маск повторно интервенираше со објава на Твитер. Тогаш поскапувањето ја стави паричката во топ 10 на криптовалутите со пазарна капитализација.

Претходно оваа недела, Маск изјави за Клубхаус дека неговите коментари во врска со Dodgecoin се повеќе шега и ќе бидат „иронични“ доколку криптовалутата стане „валута на светот во иднина“.

Враќањето на Маск на Твитер дојде откако тој во вторникот објави дека ќе ја напушти социјалната мрежа некое време.

Откако живееше во релативна нејасност на Интернет, Dodgecoin се најде во центарот на вниманието оваа година благодарение на Маск, инфлуенсерите и порноsвездите.

Во моментов, пазарната капитализација на криптовалутата е приближно 7 милијарди долари и е на 12-то место меѓу дигиталните парички, според податоците на CoinMarketCap.

Поврзани вести

Голдман Сакс: Клиентите сè повеќе бараат биткоин

Влатко Зорба

Биткоин китовите не престануваат да акумулираат БТК

Влатко Зорба

Влијанието врз животната средина при„ копање“ на биткоин можеби и не е толку големо