СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Вртоглави бројки: Kолку заработија најплатените „јутјубери“ во 2020 година?

Најплатените sвезди на најпопуларната видео платформа честопати се соочуваат со прашањето „Колку заработувате правејќи го ова?“

Списокот на најплатените sвезди на YouTube, објавен од „Forbes“, ни дава дел од одговорот на тоа прашање.

Трета година по ред момчето Рајан Каџи заработил најмногу на YouTube.

Деветгодишното момче се стекна со слава презентирајќи нови играчки, а од јуни 2019 година до истиот месец во 2021 година заработи, според проценките на магазинот, скоро 30 милиони долари, пренесува „Ал Џезира“.

Денес, момчето има и линија свои играчки, пасти за заби… кои минатата година беа продадени во онлајн продавници во вредност од 200 милиони долари.

Тој исто така сними серија за Nickelodeon, позната како Ryan’s Mystery Playdate.

Меѓу првите 10 кои заработуваат најмногу и создаваат видео содржини за деца се шестгодишното девојче Настја (Анастасија Раџинска) како и забавувачот и едукатор Blippi.

Според тоа, на врвот на листата е Рајан Каџи со заработка од 29,5 милиони долари и 12,2 милијарди прегледи на ЈуТјуб, како и 41,7 милиони претплатници.

На второ место е Mr. Beast (Џими Доналдсон) со заработка од 24 милиони долари, 3 милијарди прегледи и 47,8 милиони претплатници.

Третото место му припаѓа на Dude Perfect со 23 милиони долари, 2,77 милијарди прегледи и 57,5 ​​милиони претплатници.

На четвртото место се Рет и Линк со заработени 20 милиони, 1,9 милијарди прегледи и 41,8 милиони претплатници.

Марк Фишбах (Markiplier) е на петтото место со заработка од 19,5 милиони долари со 3,1 милијарди прегледи и 27,8 милиони претплатници.

Шести е Preston Arsment со 19 милиони долари приход, 3,3 милијарди прегледи и 33,4 милиони претплатници.

На седмото место е Настја (Анастасија Раџинска) со заработка од 18,5 милиони долари, 39 милијарди прегледи и 190,6 милиони претплатници.

Осми е Blippi (Стевин Џон) со заработени 17 милиони долари, 8,2 милијарди прегледи и 27,4 милиони претплатници.

Дејвид Добрик го држи деветтото место на листата на „Forbes“ со заработка од 15,5 милиони долари, со 2,7 милијарди прегледи и 18 милиони претплатници.

И, конечно, списокот со 10 најплатени јутјубери го заклучува Џефри Стар, кој заработи 15 милиони долари во 2020 година, 600 милиони прегледи и 16,9 милиони претплатници.

Поврзани вести

Грчкиот премиер оптимист за туристичката сезона

Влатко Зорба

Од Абрамович до Сталоне: Какви имоти купија sвездите во 2020 година?

Влатко Зорба

Загадувањето од фосилни горива убива до 10 милиони луѓе годишно

Влатко Зорба