СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung наскоро може да претстави сензор од 200MP

Оваа година очекуваме нови развои во камерите за паметни телефони. Веќе некое време се шпекулира дека Samsung работи на сензори со уште поголема резолуција и се чини дека наскоро ќе го видиме првиот од нив.

Информациите од ликерот @UniverseIce покажуваат дека Корејците оваа година, и тоа наскоро, ќе најават сензор од 200 мегапиксели. Покрај тоа, компанијата подготвува и многу други иновативни сензори.

Досега нема други детали за идните решенија, но минатата година имаше информации дека Samsung развива сензор од 250MP.

Се чини дека е со големина од 1″, што значи дека ќе биде значително поголем од најголемиот 108-мегапикселен 1/33″ сензор.

Поврзани вести

Apple официјално го објави iOS 14! (ВИДЕО)

msp-admin

Гугл да плати 5 милијарди долари поради следење на милиони корисници

msp-admin

Google Pixel 6 ќе има селфи камера со 4K резолуција

Влатко Зорба