СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Саудиска Арабија гради град со нула јаглерод (ВИДЕО)

Саудиска Арабија ги откри плановите за изградба на град со нула јаглерод, објавија Ројтерс и АФП.

Ова ќе биде прв голем градежен проект во бизнис зоната НЕОМ, вреден 500 милијарди долари, кој е дизајниран да ја диверзифицира економијата на најголемиот извозник на нафта во светот.

Во редок настап на телевизија, саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман рече дека градот, познат како „Линијата“, ќе се протега на повеќе од 170 километри. Тој ќе може да обезбеди дом за 1 милион луѓе, а целата потребна енергија ќе доаѓа од чисти извори. Инфраструктурата на „Линијата“ ќе чини помеѓу 100 и 200 милијарди долари.

Изградбата на футуристичкиот град ќе започне во првиот квартал од оваа година.

Наследникот на престолот е де факто човекот кој владее со Саудиска Арабија – најголемата економија во арапскиот свет, која редовно е во првите редови на најголемите загадувачи на светот, забележува АФП.

„Зошто да ја жртвуваме природата во името на развојот?“, реторички праша саудискиот принц. Тој истакна дека 95 проценти од природните области во „Линијата “ќе бидат зачувани, нема да има патишта и автомобили, а емисиите на јаглерод ќе бидат нула.

Поврзани вести

10 знаци кои покажуваат дека сте лидер

Влатко Зорба

Инсектите се поблиску до чиниите на Европејците

Влатко Зорба

Данска планира да воведе „корона-пасош“: „Ова е светлото на крајот од тунелот“

Влатко Зорба