СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Рекламираат воздух: Не се фалат со „all-inclusive“ понуда, туку со систем за вентилација

Нов тренд кај хотелиерите е „рекламирање“ на чист воздух, поточно, ланецот хотели и одморалишта „The Leela Palaces“, започна со промоција придружена со пораката „Вдишете ја среќата додека престојувате во палатата, со „в“ – нашиот нов систем за прочистување на воздухот“.

Внатрешноста, богата „all-inclusive“ понуда, базени, бањи, врвна услуга, технологија, модерни простории и слично – моментално се во втор план. Во 2021 година, најважно е сè уште каде ќе престојувате – колку е тој простор чист и безбеден.

Додека делумните блокади сè уште се на сила, а луѓето желни да патуваат, хотелиерите бараат нови начини за привлекување гости и одржување деловни активности, па сега тие нудат специјална понуда: воздух без вируси, т.е. кој е прочистен.

Филтрациите на воздухот ХЕПА го најдоа своето место тука, како и плазма системите за прочистување, бидејќи „чистиот воздух“ е нешто што луѓето сега го очекуваат и можеме слободно да кажеме дека стана луксуз.

Во хотелите, протоколите за дезинфекција се, секако, задолжителни цело време, иако сега поентата е да се биде најдобар во тоа – да се применуваат системи за итни случаи, иако не е 100% докажано колку добро прочистениот воздух помага да се елиминираат вирусите.

Американската асоцијација на инженери за греење, ладење и клима велат дека, во однос на различните технологии за чистење или дезинфекција на воздухот, биполарната јонизација е најмалку истражувана, поточно, има помалку документирани резултати досега во однос на чистењето.

Сепак, хотелите можеби ќе треба да работат малку повеќе за да ги намамат клиентите. Многумина ќе продолжат да патуваат, како и досега, едвај кога вакцинацијата ќе стане масовна.

Поврзани вести

ПОСТРОГИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТА ОД ДОМА: Германија отиде чекор подалеку поради короната

Влатко Зорба

Роналдо и Меси одбиле по 6 милиони евра годишно за да ја промовираат Саудиска Арабија

Влатко Зорба

Гејтс прими втора доза на вакцина и откри дали ќе продолжи да носи маска

Влатко Зорба