СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Што може да стори најпаметната заштитна маска на светот? (ВИДЕО)

Производителот на додатоци за игри Razer тврди дека ја развил „најпаметната заштитна маска“.

Уредот е опремен со звучник што го засилува гласот и го елиминира пригушениот ефект што го имаат повеќето маски, пишува Би-Би-Си.

Прототипот беше презентиран за време на форумот за технологија CES, кој за прв пат се одржува целосно на Интернет.

Освен што го прави говорот појасен, маската има и активна внатрешна вентилација, што овозможува јаглерод диоксидот издишан од белите дробови побрзо да избега, обезбедувајќи пристап до свеж воздух.

Компанијата го класифицира производот како заштитна хируршка маска од класа N95. Направена е од транспарентна пластика, така што луѓето со оштетен слух можат да читаат од усните и изразите на лицето.

Транспарентните маски не се ништо ново, но Razer е интересен по тоа што е опремен со сопствено внатрешно „осветлување“. Се активира при слаба амбиентална светлина.

Компанијата тврди дека маската е удобна, и покрај сите технологии што се спроведуваат во неа. Силиконскиот слој на контактната површина со лицето го обезбедува потребниот комфор и истовремено не дозволува маската да ги допира усните за време на употребата.

Маската е опремена и со специјални гумени ленти кои не вршат силен притисок врз ушите.

Засега, производот на Razer останува само прототип. Компанијата не прецизира дали и кога има намера да го стави на продажба.

Нејзините вработени коментираат за технолошкото издание Verge дека трајноста на вентилаторите се уште се тестира, како и временските интервали во кои ќе треба да се заменат филтрите.

Поврзани вести

Honor може да претстави телефон со флексибилен екран

Влатко Зорба

Русија ќе го блокира Твитер ако мрежата не ја отстрани забранетата содржина

Влатко Зорба

Essential покажа смартфон со изненадувачки дизајн (ВИДЕО)

msp-admin