СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Поради климатските промени 10 намирници се пред исчезнување

Сајтот Bright Side издвои 10 храни кои се најмногу погодени од климатските промени и кои ќе се променат или ќе станат луксуз во блиска иднина.

Климатските промени го прават човештвото да се прилагоди на новите услови за живот. Некои би рекле дека тоа е начин на живот што човекот го занемарил и станува збор за хармонија со природата.

Човекот одамна престана да зема онолку колку што му е доволно, неговите желби се зголемија, а човечката алчност и моќ ги заборавија законите на природата. Барем повеќето.

Бидејќи температурите растат и екстремните временски услови стануваат нова реалност, оние кои живеат од природата чувствуваат бројни промени, што е потврдено од разни научни истражувања. Некои од овие истражувања се поврзани и со иднината на популарната храна. Постојат тврдења и мислења дека просечен човек повеќе нема да може да купи некои од производите што денес се популарни затоа што ќе станат премногу ретки или скапи.

Веб-страницата известува дека во блиска иднина ќе живееме во помалку вкусен свет, доколку нешто не се промени нагло и драстично. Bright Side направи список со 10 производи кои се наоѓаат на списокот на „загрозени храни“.

Повеќето од нив имаат потенцијал да станат премногу оскудни за човечката раса во следните години:

10. Чоколадо
9. Чај
8. Мед
7. Ориз
6. Овошје од овоштарник
5. Јаворов сируп
4. Кафе
3. Пченица
2. Кикирики
1. Пиво

Поврзани вести

Како Двејн Џонсон започна два нови бизниси за време на пандемијата?

Влатко Зорба

Менхетен доживеа бум на крајот на 2020 година, двојно зголемено изнајмувањето на станови

Влатко Зорба

Најдобрите 20 фудбалски тимови изгубија 2 милијарди евра, Барселона води по приходи

Влатко Зорба