„Разликата помеѓу луѓето кои ги остваруваат своите соништа и оние кои не ги прават, е едноставна. Работата е во дејствувањето. Не станува збор за голема интелигенција, пари или искуство“, рече основачот и извршен директор на „Spanx“, Сара Блејкели.
Сара е креаторка на корсети што ги носат сите холивудски sвезди, а во 2012 година блесна на насловната страница на магазинот „Forbes“ како најмлада милионерка, која го создала богатствотп самостојно.
„Пред две децении бев само девојка со едноставна, бесмислена работа и луда идеја. Немав многу пари, искуство или знаење за индустријата. Но, решив да влезам во сето тоа“, вели Блејкли.
There's snow-one we'd rather twin with than our besties in SPANX leggings ❄️👯 #Regram: @karlierae https://t.co/z4OzGyh4Nc pic.twitter.com/VclMZTpKY3
— SPANX (@SPANX) November 23, 2020
Всушност, Блејки го основал „Spanx“ во 1998 година, со заштеда од само 5.000 долари од продажба на факс машини од врата до врата. Без искуство во дизајнот, бизнисот или производството, Блејки на крајот го изгради „Spanx“ во бренд од милијарда долари.
На почетокот сите ја затвораа вратата пред нејзиниот нос, ја фрлале визит-картичката, се борела да добие средства.
We're ALL about velvet 😍Our Velvet Leggings are like magic…they have the coziest feel with a knockout look. And are now available in Silver Chrome (pictured here!) Shop now: https://t.co/ILbrnwjTzy #Spanx #VelvetLeggings pic.twitter.com/EE4wToX0d8
— SPANX (@SPANX) October 16, 2020
И, таа навистина мораше да „се потруди“ да го донесе „Spanx“ на полиците на првиот голем трговец, „Neiman Marcus“. По повеќекратни обиди да го продаде својот производ, Блејки за време на состанокот побара претставник на компанијата да и покаже како „Spanx“ всушност функционира.
„За време на состанокот со претставникот на „Neiman Marcus“, можев да видам дека нема ништо од работата и знаев дека имам само уште една шанса, па ја замолив да дојде со мене во тоалетот. Таа беше малку изненадена од прашањето, но и објаснив дека само така можам да и покажам што прави „Spanx“, рече претприемачот.
LADIES, share this with the men in your life. Spanx Mens does exist, and more men need to know about it. Featuring three collections: Zero Sculpt, Sculpt, and Ultra Sculpt, offering comfort with benefits. Shop now: https://t.co/JKK3Lm4lxd #Spanx #SpanxMens pic.twitter.com/XzOer0f5wb
— SPANX (@SPANX) January 9, 2021
„Се пресоблеков во посебна кабина, облеков „Spanx“ и ја покажав разликата. Таа ме погледна и ми рече: „Сфаќам, одлично е!“ И тогаш сè се смени“, вели Блејки.
Сега, покрај чорапите што го обликуваат телото, има и корсети, костими за капење, хеланки, долна облека … Според списанието „Forbes“, богатството на Сара Блејкли се проценува на 610 милиони долари.