СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев за „Капитал“: Изразувањето интерес за учество во Александрополис гасоводот е демонополизирање на снабдувањето со гас

„Сите граѓани се сопственици на националниот гасовод, што е огромна придобивка за граѓаните и за националните можности на државата. Наместо да биде присутен само еден извор на гас, со што државата, со години, се држеше во монополска позиција, сега е отворена можноста да влезе и азербејџанскиот гас како и течен гас од Америка и од други земји. Го изразивме нашиот интерес за учество во сериозен, би рекол геостратешки и европски проект, поддржан од САД, Александрополис гасоводот”, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал”, информирајќи дека анализите покажуваат дека можеме да инвестираме во гасните терминал и централа во Александрополис за да имаме сопствеништво на меѓународен гасен терминал и гасна централа со локација во Грција. Тој додаде дека оваа инвестиција обезбедува „букирање” на капацитети за сигурно и стабилно снабдување на земјата со гас, без ризици. Изградбата на Интерконекторот со Грција е проект вреден 54 милиони евра, од кои 14 милиони се грант од инвестициската рамка за Западен Балкан.

Премиерот Заев оцени дека Владата следејќи ја состојбата во што најмногу се вложува во светот, се посветува на проектите од областа на енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии, кои обезбедуваат економски напредок.

„На местото на стариот рудник во РЕК „Осломеј” сега се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 MW. Проценетата инвестиција е околу 60 милиони евра. Термоцентралата ТЕЦ „Неготино” ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија”, вели премиерот Заев додавајќи дека се обезбедени и грант средства за физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 MW во РЕК Битола и дека во првиот квартал од оваа година ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани и инвестицијата е над 35 милиони евра.

Тој во интервјуто се осврна и на почетокот на изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW, која ќе започне годинава. Инвестицијата е вредна 21 милион евра. Заев во интервјуто за „Капитал”, информира и за проектот „Чебрен”, вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, кој по 11 години, неуспешни обиди на претходната власт, веќе е во следна фаза, откако на јавниот повик за пројавување интерес пристигнаа повеќе понуди од кои 10 се од џиновски компании од Европа и Кина.

Поврзани вести

На домашниот пазар се повисоки продажните цени на индустриските производи

Ангела Веселиновска

Оштетени штедачи: Одлуката на Уставниот Суд – историска шанса да се исправи голема неправда

Влатко Зорба

„Лидл“ ќе гради модерен логистички центар во С.Македонија

Влатко Зорба