СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Шефот на „Unilever“: Одењето во канцеларија 5 дена во неделата е старомодно

Шефот на големата компанија Unilever, Алан Џоуп, вели дека нејзините работници никогаш нема да се вратат на работа со полно работно време во канцеларија. Сега се бараат различни начини на функционирање, по пандемијата.

Значи, ова не е непосредна опција, сè додека вирусот не помине или вакцинацијата стане масовна, туку трајно решение – вработените ќе одат на работа помалку од 5 дена во неделата. Тие ќе работат далечински одреден број часови / денови, бидејќи, како што вели Џоуп, корона-кризата го преобликува модерниот работен век.

Компанијата, исто така, наведува дека нема да ги принудува вработените да се вакцинираат, но сигурно ќе ги поддржи да го сторат тоа. Кога е потребно да се дојде во работната област, оние кои не сакаат да се вакцинираат, ќе мора да бидат тестирани за Ковид-19.

Џоуп понатаму наведува дека за време на пандемијата, сфатиле дека работата може да биде многу полесно да се прилагоди на условите за далечинско работење отколку што мислеле.

„Unilever“ е, инаку, трета по големина компанија по вредност на берзата во Лондон. Вклучува брендови како што се сладоледот Dove, Ben & Jerry и Marmite, потоа Hellman’s, Knorr, Lipton, Persil. На некои од клучните пазари за компанијата, вработените мораа да се префрлат на работа од дома, но тоа не го попречуваше бизнисот.

– Одењето во канцеларија пет дена во неделата сега ни се чини старомодно – вели Џоуп и зборува само за работниците чија работа не бара присуство на работното место, односно ако не работат во погонот.

Многу други глобални компании, исто така, најдоа начин да ја прилагодат работата од дистанца кон нивниот бизнис, и тоа многу успешно. Twitter, Facebook, Google, постојано посочуваат дека, по кризата, нивните работници ќе можат да изберат дали сакаат да се вратат во канцеларијата.

Сепак, бидејќи седиштето им е во луксузната и елегантна Силиконска долина, работниците кои ќе продолжат да работат од дома во иднина ќе имаат помали примања. Причината? Трошоците за живот во околните населби се значително пониски отколку во епицентарот на технолошките гиганти.

Поврзани вести

10 знаци кои покажуваат дека сте лидер

Влатко Зорба

Данска планира да воведе „корона-пасош“: „Ова е светлото на крајот од тунелот“

Влатко Зорба

Пандемијата „уби“ 2.000 пабови: Луѓето навикнаа да пијат дома?

Влатко Зорба