СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Маск објави песна, ја продава за 1,12 милиони долари

Елон Маск, основачот на SpaceX и Tesla, објави уште една песна, но овој пат како негов прв NFT токен. Тоа е електронска композиција со придружно видео, т.е. анимација што содржи крипто содржина како зборот ХОДЛ и кучето Шиба Ину, кое е маскота на Dogecoin.

Преку платформата Cent, која ги токенизира објавите на Твитер, Маск го „креираше“ својот токен, што платформата потоа го стави на аукција и последната цена што ја понуди извесен Сина Естави, извршен директор на Bridge Oracle е 625,64 ETH или 1,12 милиони долари.

Првиот твит на основачот на Твитер Џек Дорси од неодамна се продава на истата платформа, а аукцијата трае до 21 март. Исто така, на платформа која всушност продава твитови како NFT токени, може да се најдат многу различни карактери како познатиот готвач на Инстаграм, Салтбе, кој стана познат по специфичен начин на солење, претежно месо. Тука е исто така „дигиталниот уметник“ Бипл и многу други. Цените на твитовите се движат од околу десет долари, па сè до 1,12 милиони долари за кои се продава видеото на Маск.

Но, Маск не е првиот во семејството што се обидува да создаде NFT токен. Неговата подобра половина, уметничката Grimes неодамна исто така ги продаде своите NFT дигитални уметнички дела за околу 6 милиони долари.

Поврзани вести

Хит ВИДЕО: Јованка тврди дека Елон Маск е од Република Српска

Влатко Зорба

Британскиот ноќен живот пред изумирање

Влатко Зорба

Стан во Њујорк: Нема шпорет и бања, а цената е „само“ 1.650 долари (ВИДЕО)

Влатко Зорба