СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинескиот БДП скокна за 6,5% во последниот квартал на 2020 година

Во последниот квартал од минатата година, кинескиот БДП порасна за 6,5 проценти на годишно ниво, повеќе од очекувањата на аналитичарите за 6,1 процент.

Ова укажува на стабилно закрепнување од корона-кризата на втората по големина економија во светот.

Во текот на целата мината година, кинеската економија порасна за 2,3 проценти, и покрај наглиот пад на почетокот на годината како резултат на избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

Зајакнувањето на кинеската економија е во контраст со тешкото закрепнување на американската и европската економија, кои сè уште се под притисок на рестриктивните мерки насочени кон борба против коронавирусот.

Поврзани вести

Форд инвестира милијарда долари во фабрика во Европа

Влатко Зорба

Најголем скок на кинескиот БДП за еден квартал од 1992 година

Влатко Зорба

Samsung бележи голем скок на приходите

Влатко Зорба