Рускиот претседател Владимир Путин, за време на разговорите со руски студенти, рече дека еден ден може да се занимава со лозарство.
За време на состанокот, Данил Чемезов, студент на трета година на Државниот технички универзитет во Уфа, го праша Владимир Путин која е вистината за видеото што започна да кружи, а наводно се гледа дека претседателот има палата во близина на Геленџик. Меѓу другото, таму се прикажани лозја. Одговарајќи на студентот, претседателот рече дека, според она што го видел, бил заинтересиран за производство на вино.
Путин рече дека веројатно може да се справи и со тоа, но не преку бизнис.
– Тоа е многу добар вид активност, ми се чини, благородна – изјави тој.
Претседателот додаде дека производството на вино во Русија се развива добро и истакна дека неговиот советник Борис Титов е сопственик на компанијата Abrau Durso.
– Кога ќе ја завршам мојата работа, можеби ќе работам како негов советник, но не како бизнисмен, туку како специјалист, барем во областа на правото – рече тој.
Веднаш по ова, акциите на компанијата на пријателот на Путн скокнаа скоро 11% (10,8). Во моментов се тргува по цена од 220 рубли.