СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Лагард: Пандемијата длабоко ќе ја смени светската економија

Пандемијата од коронавирус и економската криза како последица на тоа длабоко ќе ја сменат светската економија, рече Кристин Лагард, директор на Европската централна банка. Таа додаде дека работењето од дома ќе го промени начинот на кој функционираат сите вработени и дека се очекува зголемување на роботиката во индустријата.

Светската економија сега ќе биде поориентирана кон екологијата и нумерирањето, рече Лагард.

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација е веќе „латентно присутна“, рече Лагард за време на видео конференција за економија, што се одржа во Париз.

„Кога станува збор за производство, пазарот, вработувањето, она што ние во моментот го доживуваме, веројатно ќе доведе до еволуција кон поодржлив начин на живот, кој ќе биде поеколошки“, рече Кристин Лагард.

Според париски „Фигаро“, Лагард особено се осврна на телекомуникациите, што, како што оцени, ќе „го трансформира начинот на кој функционираат сите вработени“, барем кога станува збор за развиените земји.

Таа, исто така, процени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата.

Соочени со вакви трансформации, Европа е во одлична позиција да ги прифати, додаде Лагард.

Поврзани вести

Tesla доделува 1 милион долари на хакери кои успеваат да ги пробијат нивните системи

msp-admin

Компанијата на Безос ја носи првата жена на Месечината

msp-admin

НЕОТЕЛ и Гоблин го организираат првиот онлајн турнир во друштвени игри

msp-admin