СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Банката на Сингапур: Биткоинот може да дејствува како злато

Организацијата за приватни банкарски активности на „ОЦБЦ банка“ со седиште во Сингапур ја отфрли можноста криптовалутите на крајот да ги заменат фиат-валутите како средство за размена

Сепак, големата институција верува дека БТК и другите алткоини можат да го заменат златото во смисла да служат како залиха од вредност.

Уште од воведувањето на Биткоин кон крајот на 2000-тите, луѓето се прашуваа дали криптовалутата навистина може да го оправда потенцијалот да функционира како рамноправен електронски монетарен систем, како што го замисли анонимниот креатор Сатоши Накамото.

Скептиците ја посочуваат скандалозната нестабилност како значајна пречка на патот на БТК. Се чини дека Банката на Сингапур се согласува.

Главниот економист Мансур Мохи-Удин ги искористи потезите од минатата година, кога БТК тргна од минимални 4.000 долари за време на кризата со ликвидност во средината на март кон нов рекорд од над 40.000 $ неколку месеци подоцна, за да ги побие овие тврдења.

Сепак, БТК и другите алткоини можат да играат улога на дигитален фонд од вредност ако успеат да се справат со неколку потенцијални проблеми. Покрај гореспоменатите флуктуации во цените, тие вклучуваат висока ликвидност и сигурни доверители.

„Прво, на инвеститорите им се потребни сигурни институции за да ги чуваат дигиталните валути безбедни. Второ, ликвидноста треба значително да се подобри за да се намали нестабилноста на нивоа што може да се контролираат“. објасни економистот.

Покрај тоа, крипто екосистемот бара поголема регулација од глобалните регулатори за да се намали неговата наводна вмешаност во криминални активности. Сепак, Мохи-Удин предупреди дека доколку владите се чувствуваат загрозени од постоењето на одредени дигитални средства, тие можат да возвратат, како што е случај со растечкиот тренд на дигитални валути на централните банки.

Поврзани вести

Треба ли да очекуваме нова корекција на Биткоинот?

Влатко Зорба

Топ 10 криптовалути според растот во 2021 година (инфографик)

Влатко Зорба

Маск објасни зошто инвестирал во биткоин, а не во доџкоин

Влатко Зорба