СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин „рударите“ заработија 1,36 милијарди долари во февруари

Додека гејмерите се истоштени во потрагата по релативно ефтини видео картички само за да играат свежи игри со удобно ниво на FPS, „копачите“ на криптовалути заработуваат добро, според податоците за последниот месец.

„Копањето“ на Биткоин им донесе на крипто-рударите 1,36 милијарди долари во февруари, според „Coin Metrics“. Ова е рекорд: дури и во декември 2017 година, приходот на копачите на криптовалути беше помал.

За споредба, приходите на крипто-рударите во јануари беа 21% пониски – и покрај фактот дека јануари има повеќе денови од февруари. И во декември 2020 година, „рударите“ заработиле 62% помалку отколку во јануари 2021 година.

Податоците покажуваат постојан пораст на приходите на крипто-рударите и, се разбира, ова ги охрабрува да ја зголемат својата компјутерска моќ, односно да купуваат видео картички, забележува Hardware Times.

Но, не само тоа. Производителите на ASIC (специјализирани чипови) почнуваат да го прошируваат своето производство за да одговорат на зголемената побарувачка. На пример, Compute North планира да инвестира 25 милиони долари за проширување на производството.

Поврзани вести

Етер забележа нов рекорд

Влатко Зорба

Ким Дотком сака да го финансира развојот на Bitcoin Cash

Влатко Зорба

Биткоин „рударството“ ќе стане уште потешко

Влатко Зорба