СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Доколку биткоин достигне 182.000 долари, неговиот творец ќе стане најбогатиот човек на планетата

Биткоин останува многу посакувана инвестиција поради потенцијално високиот принос, според растечкиот број на институционални инвеститори.

Крајот на март донесе значителни турбуленции во вредноста на најпопуларната криптовалута, но се чини дека се формираше психолошко дно кое лебди околу 53.000 долари.

Мајк МекГлоун, аналитичар на Блумберг, тврди дека минатите модели предвидуваат негов раст на 400.000 долари веќе оваа година.

Доколку вредноста на биткоинот достигне 182.000 американски долари во моментот, неговиот „татко“ Сатоши Накамото (кој поседува околу милион биткоини) би станал најбогатиот човек на планетата.

Биткоинот се „лизгаше“ до четвртокот, дното беше нешто помалку од 51.000 долари, но потоа се опорави прилично брзо. Во моментов чини околу 57.500 долари.

Првиот квартал, кој истекува во среда, ќе биде најдобар за биткоинот по осум години. Историјата покажува дека успешниот прв квартал е проследен со уште подобар втор квартал.

Деновиве се случува нешто ново кога зборуваме за односот на различните видови средства. Биткоинот сега расте и покрај силата на американскиот долар на девизните пазари. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на зелената банкнота во однос на кошницата со главни валути, се искачи на 92,52 – највисокото ниво од 24 ноември.

Двете класи на средства обично се движат во спротивни насоки од март 2020 година. Сепак, инверзната корелација е ослабена нешто во последниве денови. Биткоинот успеа да се задржи над нивото од 50.000 долари поради порастот на индексот на доларот.

Мајк МекГлоун, искусен аналитичар на Блумберг, предвидува дека биткоинот ќе стане глобална дигитална резервна валута за секој што бара заштита од инфлација. Дури и оваа година, ако ги погледнеме примероците од 2013 и 2017 година, цената може да достигне 400.000 американски долари, смета МекГлоун.

Поврзани вести

Google Pay и Samsung Pay ќе прифатат плаќања со Bitcoin

Влатко Зорба

Еве што акумулираат крипто-китовите, според „Сентимент“

Влатко Зорба

Сејлор: Златото е мртво, ќе има масовна миграција кон Биткоин (видео)

Влатко Зорба