СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google развива нов Android наречен MicroDroid

Android е оперативен систем кој доминира во софтверските трендови кај паметните телефони. Google инвестира и во развој на други платформи, како што е WearOS, која е наменета за паметни часовници. Водечките производители на автомобили имаат пристап до Android Auto, нудејќи различни опции за поврзување и интеракција со паметните телефони за време на патувањето.

Не треба да заборавиме на Chrome OS, кој е дизајниран како алтернатива на Windows за лаптопите во буџетска класа. Сите овие оперативни системи се важен дел од деловната активност на Google и овозможуваат на компанијата да има силно присуство во разни категории производи. Работата на Android 12 е веќе започната, а првите Developer Preview верзии се очекуваат пред крајот на февруари.

Инженерите на Google ќе продолжат да бидат доста активни и да експериментираат со новата верзија на Android наречена MicroDroid. Овој проект е лесна верзија на оперативниот систем што вклучува основни поставки и функционалности. MicroDroid користи мал дел од кодот на Android System Image (GSI).

MicroDroid е развој што ќе обезбеди поудобен начин за водење виртуелни машини заедно со Android, како и апликации базирани на DRM. Од xda-developers тврдат дека ова е само дел од амбициозниот проект на Google за овозможување на виртуелизација на хардверот за Android во обид да се подобри безбедноста.

Инженерите за софтвер на компанијата веќе работат на интеграција на механизмот за виртуелизација на јадрото на Linux, кој се нарекува „KVM“ за уредите со Android што работат на ARM64 SoC. Со виртуелните машини ќе се управува на овој начин со прилагодување на Chrome OS VMM што се користи за стартување на апликации за Linux за оперативен систем Chrome.

MicroDroid ќе содржи минимални компоненти потребни за комуникација помеѓу хардверот, апликациите и оперативниот систем. На долг рок, ваквите концепти може да овозможат лансирање на апликации Google Play или Android во виртуелна машина или во облак.

Поврзани вести

Твитер со нова опција ја засилува борбата со лажни вести

msp-admin

Екранот на Samsung Galaxy S21 Ultra штеди енергија

Влатко Зорба

Инстаграм воведе ознакa за лажни вести

msp-admin