СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Кина го забранува ултра-брзото безжично полнење

Кина подготвува регулатива за забрана за пуштање на пазар на ултра-брзи безжични полначи за паметни телефони. Се работи за уреди со моќност поголема од 50 вати.

Xiaomi веќе подолго време нуди вакви безжични полначи. Но, сега компанијата се соочува со ограничувања на владата. Факт е дека таквите уреди можат да предизвикаат пречки во радио брановите и да ги нарат телекомуникациските услуги.

Според декретот, од 1 јануари 2022 година, безжични полначи со моќност поголема од 50W нема да се користат во Кина, објави „cntechpost“. Покрај тоа, властите ќе ги контролираат опсезите на безжичен пренос.

Уредбата предвидува дека мобилните и преносни безжични полначи можат да работат во опсезите 1002-148,5 kHz, 6765-6795 kHz и 13553-13567 kHz.

Претходно се шпекулираше дека претстојниот Xiaomi Mi 11 Pro ќе добие поддршка за 67W кабел и безжично полнење. Која ќе биде судбината на овие полначи во Кина не е јасно.

Поврзани вести

Мапа на сите 5G мрежи во светот, дали на неа ја има Македонија?

msp-admin

Google ќе плаќа на медиумите за сите објави

msp-admin

Официјален претставник на Microsoft ја објави првата фотографија креирана со Surface Duo

msp-admin