Претседателот на Австриската стопанска комора, Харалд Махрер, посочи дека заклучувањето или „локдаунот“ на оваа земја, чини 1,7 милијарди евра неделно.
Тој се залага за постепено и забрзано отворање на деловни активности кои страдаат од заклучувањето. Во Австрија бизнисите се затворени скоро три месеци поради пандемијата на коронавирус.
Махрер предупреди дека доколку бизнисите не се отворат до 8 февруари, загубите ќе бидат во милијарди евра.
„Заклучувањето чини 1,1 милијарда евра секоја недела, и ако на тоа се додадат дополнителни ефекти, тогаш таа сума расте на 1,7 милијарди евра“, нагласи тој.
Во интервју за австрискиот портал „Хојте“, тој изјави дека продолжувањето на „локдаунот“ ќе значи, како што рече, уништување на работните места до Велигден.
Махрер смета дека повторното отворање на бизнисот во овој момент би било безбедно и дека социјалните партнери се согласуваат. Тој потсети дека има протоколи за тоа како да се однесуваме во пандемија, дека маските FFP2 мора да се носат, тестираат и вакцинираат.
Го поддржува предлогот за повторното отворање, да се ограничи бројот на луѓе што можат да бидат во продавница и другите простории каде што се даваат услуги.
Австриската стопанска комора спроведе истражување меѓу граѓаните кое покажа дека 72 проценти од испитаниците го поддржуваат отворањето деловни активности до 8 февруари. Од друга страна, беше наведено дека 14 проценти од нив сметаат дека треба да останат затворени.
Работодавците ги повикуваат властите да им овозможат што побрзо да работат и да предупредат на крајно негативните последици доколку тоа не се случи, пренесува австрискиот весник „Куриер“.