СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Магнет за оние кои сакаат лесна заработувачка: Како функционира измамата со клон компании?

Повеќе од 78 милиони евра зеле измамници од лековерни жртви, кои лажно се претставиле како инвеститори кои тврделе дека поседуваат инвестициски компании и барале пари од граѓаните во тоа име. Секоја жртва изгубила во просек по 45.242 евра.

Бројот на овој вид измама скокна за 29% за само еден месец, а тоа се случи во моментот на првото национално заклучување во Велика Британија, во април.

Експертите ги предупредуваат луѓето да бидат претпазливи, особено кога станува збор за нивните финансии, кои се намалуваат од почетокот на пандемијата.

Како функционира измамата со клон компании?

Измамниците отвораат клон компанија користејќи име, адреса и детали од вистински компании кои работат легално.

Потоа, тие испраќаат промотивни материјали на луѓе во кои ја поврзуваат нивната лажна компанија со страницата на вистинската компанија, со цел да ги измамат потенцијалните инвеститори да помислат дека соработуваат со нив.

Сепак, тие го користат нивниот телефонски број за контакт или е-пошта, што е, сепак, слична на онаа што може да се најде на вистинска страница, така што луѓето би помислиле дека имаат работа со вистински експерти.

Загубите можат да бидат големи колку што измамниците се во состојба да ги охрабрат луѓето да го „одврзат ќесето“ пред да исчезнат со нивните пари.

Тековната финансиска криза поврзана со пандемијата треба да предизвика сомневање кај луѓето кај секој што им приоѓа со големи шанси да заработи пари. Властите велат дека ваквите компании се затвораат веднаш штом ќе бидат откриени.

– Затоа е важно да се провери секој детал двапати – предупредуваат експертите.

Една од жртвите вели дека откако пребарувала на интернет за инвестиции и акции, добила повик од компанијата што и понудила шанса да инвестира. Погледна на веб-страницата на компанијата, ништо не и се чинело проблематично и решила да инвестира пари.

– Неколку месеци подоцна, по неколку круга инвестиции, почнав да се грижам, бидејќи сè уште не добив потврда за последната инвестиција. Се обидов да им се јавам на телефон, но бројот беше исклучен. Наскоро сфатив дека ме измамиле и им дадов 40.000 евра, вели жртвата.

Поврзани вести

Авиокомпаниите ќе можат да користат ковид-пасоши

Влатко Зорба

Мерките за плати ќе може да ги користат и управителите и сопственици на бизнисите

msp-admin

Oчекувајќи ги резултатите од изборите, Американците буквално се „налевале“ со алкохол

msp-admin