СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Ова се најдеталните рендери на телефонот Galaxy Z Fold3 досега

Досега не се појавија фотографии во живо кои го прикажуваат претстојниот флексибилен телефон на Samsung, Galaxy Z Fold3. Сепак, дизајнерот Бен Гескин, кој е познат по својата квалитетна работа, покажува рендер што сугерира како може да изгледа Galaxy Z Fold3.

Неговиот дизајн во голема мера се заснова на протечени информации што се појавија досега за моделот Z Fold3. Дизајнот покажува истакнат систем на камери, кој е идентичен со оној на телефонот Galaxy S21 Ultra.

Веќе некое време се појавуваат информации дека претстојниот флексибилен телефон ќе има поддршка за S Pen. Се очекува паметното пенкало, како и со моделот S21 Ultra, да се нуди одделно. Во тоа верува и Гескин, имајќи предвид дека S Pen од сликата е преголем за да се смести во слотот во телефонот, иако ова сепак е само визија на дизајнерот.

Една од поновите информации, кои сме ги слушнале за моделот Z Fold3, тврди дека тој ќе има помали дисплеи од претходникот. Овој пат се очекува внатрешен екран од 7,55 инчи и надворешен дисплеј од 6,21 инчи. Друга можна карактеристика е камерата под екранот.

Samsung Galaxy Z Fold3 може да го очекуваме во јуни годинава, а можно е телефонот да има цена што е на ниво на сегашниот модел на Galaxy Z Fold2.

Поврзани вести

Безжичните слушалки на Razer ветуваат звук со минимално одложување

msp-admin

Следната генерација на Honor смартфони се враќа на услугите на Google

Влатко Зорба

Мистериозна AI технологија се очекува на CES 2020

msp-admin