СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Што носи Дигиталниот пат на свилата?

Кина ќе започне со поставување на последниот дел од прекуграничниот оптички кабел во Пакистан.

Со тоа ќе го изгради Дигиталниот пат на свилата (Digital Silk Road, DSR), пренесува јапонскиот весник Никеи Азија.

DSR е дел од пошироката кинеска иницијатива „Еден појас, еден пат“.

Оптичкиот кабел ќе биде поврзан со подводниот кабел Пакистан Источна Африка Конекшн Европа (PEACE) во Арапското Море, и ќе им служи на земјите учеснички во иницијативата „Еден појас, еден пат“ и Европа, пренесува „РТ“.

Кабелот во моментов се поставува меѓу пакистанскиот град Равалпинди и пристанишните градови Карачи и Гвадар.

Проектот вреден 240 милиони долари, кој се реализира во партнерство со кинеската компанија „Хуавеи“, беше одобрен од владата во Пекинг минатата недела.

Поставувањето на подводен кабел во територијалните води на Пакистан ќе започне во март, откако овој месец владата одобри изградба на базна станица во Карачи за регионот на Арапското море на „Сајбернет“, локален давател на услуги на Интернет.

Медитеранскиот дел од кабелот е веќе поставен и се протега од Египет до Франција. Кабелот долг 15.000 километри се очекува да биде лансиран кон крајот на оваа година.

Поврзани вести

Акциите на социјалните мрежи паѓаат поради хаосот со „ГејмСтоп“

Влатко Зорба

Вработениот Германец работи во просек 41 час неделно

Лагард: Најмногу се плашам дека некои земји-членки на ЕУ ќе ги укинат стимулативните мерки

Влатко Зорба