СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Средствата на BlackRock достигнаа рекордни 8,68 трилиони долари

Средствата управувани од BlackRock се искачија на рекордни 8,68 трилиони долари во четвртиот квартал по големиот прилив на капитал во сите области на нејзиното деловно работење.

Новиот рекорд е за 11% повисок од 7,81 трилиони долари пријавени од BlackRock на крајот на септември. Компанијата со седиште во Њујорк исто така го искористи „релито“ на пазарите, кое добива дополнителна брзина, пренесува „Блумберг“.

„Нашата способност да обезбедиме глобален увид, стратешки совети и сеопфатни решенија за клиентите, без оглед на пазарното опкружување, стимулира позитивни текови во секоја класа на средства, стилот на инвестиции и регион“, рече извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

Акциите на BlackRock пораснаа за 44% минатата година, што претставува најдобра годишна изведба на компанијата од 2013 година

Инвеститорите додадоа нето 116,2 милијарди долари кон долгорочните инвестиции на компанијата, како што се взаемни фондови и фондови со кои се тргува, соопшти BlackRock во четвртокот.

S&P 500 се зголеми за 16 проценти минатата година и 12 проценти во четвртиот квартал, и покрај зголемената невработеност во САД и вториот бран на Ковид-19.

Трговците продолжија да инвестираат во пасивните производи на BlackRock до крајот на 2020 година. Кварталните нето приливи на капитал во iShares ETF беа близу до рекордните нивоа од 78,8 милијарди долари

Прилагодената заработка на BlackRock во четвртиот квартал порасна за 20% од претходната година на 1,57 милијарди долари. Приходите на компанијата се 4,48 милијарди долари.

Претходно денес, Финк рече дека BlackRock ќе размисли да го елиминира својот комитет за политички активности по минатонеделниот напад во Капитол во САД.

Поврзани вести

Просечната нето плата во септември беше 27.405 денари

msp-admin

„Фолксваген“ ќе инвестира 15 милијарди евра за електрични возила во Кина

msp-admin

Најпродаваните смартфони за 2019 година главно се од Apple и Samsung (инфографик)

msp-admin