СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Познато кога ќе биде објавена новата верзија на Windows 10

Објавено е кога Microsoft ќе го објави новиот, пролетен апдејт на оперативниот систем Windows 10, благодарение на официјалната документација од софтверската корпорација.

Објавувањето на Windows 10 21H1 е закажано за јуни оваа година, објаснува Microsoft во документот цитиран од тематската веб-страница WindowsLatest. Досега се претпоставуваше дека новата верзија на најпопуларната десктоп платформа ќе биде објавена во мај.

Во исто време, некои корисници веруваат дека компанијата сè уште може да ги промени своите планови и да објави големо ажурирање на Windows 10 во мај, а неговото масовно pu[tawe ќе започне во јуни.

Се претпоставува дека Windows 10 21H1 ќе се појави во форма на пакет услуги и новата функционалност ќе треба да се активира со посебен клуч.

Што да очекувате во Windows 10 верзијата 21H1? Многу малку се знае за пролетното ажурирање. Очекуваните промени вклучуваат нов дел за графичка картичка во „Settings“ и поддршка за DNS преку HTTPS (DOH).

Посериозни промени се очекуваат со следното ажурирање на крајот на 2021. Windows 10 21Х2 најверојатно ќе дојде со ажурирано „Start“ мени, „Action Center“, „Taskbar“ и апликација за дојдовни пораки.

Поврзани вести

Новите МекБук модели во масовно производство од втората половина на годината

Влатко Зорба

Facebook е првата апликација, што не е во сопственост на Google, која е преземена над 5 милијарди пати за Android

msp-admin

Можеме да ја „исчистиме“ нашата меморија, докажаа научниците

Влатко Зорба