СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

10 знаци кои покажуваат дека сте лидер

Луѓето честопати не се ни свесни дека нè инспирираат, влијаат врз нас и нè водат. Сметаме дека лидерите мора да се родени за тоа, или дека мора да бидат во врвот на менаџментот или да се на висока позиција. Сметаме дека да се биде лидер е официјална титула што мора да се заслужи или заработи.

Но, лидерите ретко – ако не и никогаш – не се родени за тоа.

Според експертите, и извештаите на „Бизнис инсајдер“, ако треба да го изолираме факторот што го „создава“ лидерот, тоа е веројатно комбинација на околности и истрајност.

Многу лидери се меѓу нас, можеби сте и вие, дури и без да бидете свесни за тоа.

Еве 10 знаци за да се препознаете себеси или другите:

Отворени сте за нови опции и сакате да ги чуете мислењата на другите луѓе.

Нудите совет. Ако често ги советувате вашите колеги, а пријателите ве прашуваат за вашето мислење, ако луѓето сакаат да слушнат од вас и го ценат она што треба да им го кажете – тогаш вие поседувате врвна доблест – емпатија, и вашиот поглед кон светот е втемелен во реалноста.

Луѓето сметаат на вас. Ако другите се потпрат на вас, тоа значи дека ви веруваат. Лидерите се сигурни, доследни и го исполнуваат она што го ветуваат.

Знаете како да слушате и луѓето ви веруваат. Внимателно слушање ги тера луѓето да зборуваат искрено со вас, а тоа што сметаат на вас, значи дека не се загрижени дека ќе ги кажете нивните тајни на другите. Ако разбирате дека слушањето е поважно од зборувањето, и ако другите ви веруваат, тоа значи дека сте лидер.

Другите го следат вашиот пример. Најмоќната форма на лидерство не е убедување, сила или аргументација, туку пример. Без разлика дали времето е добро или лошо, луѓето навистина забележуваат кој е таму, кој работи, кој е доследен. Ако таа личност сте вие, луѓето природно ќе ве следат.

Се стремите кон најдоброто во сè. Ако ви е „навика“ да се борите за да го извлечете најдоброто од сè, а вие сте одговорни за квалитетот, тогаш им покажувате на другите дека постапувате порано отколку што велите, порано исполнувате отколку што ветувате. Не правите изговори или обвинувате други, но се обидувате да поставите стандард на квалитет во што и да сте – вие сте лидер.

Имате позитивен став. Оптимистичките луѓе ја прават животната средина среќна. Ова не значи дека го вртите погледот за проблемите, но ви овозможува да видите нешто добро во секоја ситуација. Тоа е духот што ги прави луѓето мотивирани и шири оптимизам.

Со другите се однесувате со почит. Знаењето може да ви даде моќ, да бидете паметен е предност, но кога ги почитувате другите, ќе добиете назад почит.

Претходната ставка е проследена со следната, а тоа е – искрено се грижите за другите. Ако поддржувате други, водете ги (ако сакаат), споделете знаење со другите, дајте им можност да напредуваат, ако се грижите за другите … вие сте лидер.

Имате самодоверба и страствени сте за она што го работите. Ова значи постојана работа на причината со визија и доверба. И, ова се суштинските доблести што го красат водачот.

Поврзани вести

Јапонска авиокомпанија ја претвора флотата во ресторани: Не летаат, но служат луксузни јадења

Влатко Зорба

4 добри начини да одбиете работна задача или барање на клиент

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Бекер-мускулна дистрофија (ВИДЕО)

Влатко Зорба