СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Голомеиќ: Интересот за прослави во 2021 е голем, очекуваме на пролет предлог протоколи

Времињата се менуваат. Животот се менува во време на пандемија. Но, традицијата и желбата на луѓето за прославување на најважните моменти од животот остануваат, велат од Групацијата Рагуза. Тие потенцираат дека сè поголем е интересот за свадби, прослави и настани за сезоната 2021.

– Корона кризата угостителите нè погоди, но до сега успеавме да ги задржиме вработените и се гордееме со тоа. Голем дел од вработените во Рагуза, повеќе од 20 години се дел од Рагуза фамилијата. Верувавме дека желбата за свадби, прослави и настани е голема така што кога ќе се усвојат протоколите од надлежните на пролет повторно да почнеме со активна работа, а тоа ни го докажува фактот што сé поголем е интересот за закажување термин за свадби и прослави, истакна Гоце Голомеиќ, сопственик на групацијата Рагуза .

Оваа година Групацијата Рагуза ја одбележува и 28-годишнината од своето постоење и има за цел да ги врати прославите на луѓето како суштински дел од нивните животи.

– Рагуза е за нас повеќе од компанија, ние сме со фамилијарна традиција во овој бизнис, оваа година е важна за нас бидејќи одбележуваме 28 години од постоење. Во 2021 година, продолжуваме со посветена работа во подобрувањето на сите сегменти од работењето, како и воведувањето на голем број на новини во сите ресторани. Пространоста на нашите ресторани, како и можноста за стапување во брак под отворено небо ќе овозможи гостите да се чувствуваат безбедни во престојната сезона. Би сакал да истакнам благодарност до сите клиенти и соработници кои до сега ни ја дадоа довербата и во блиска иднина очекуваме да соработуваме, вели Перица Голомеиќ, сопственик групацијата Рагуза .

Групацијата Рагуза е основана од Мирко Голомеиќ во 1993 година, тие претставуваат пионер во организирањето на свадби и прослави. Групацијата е составена од рестораните Рагуза 919, Ресторан Парк и Рагуза 360, три современи, уникатни и луксузно уредени евент центри, вклучително и Вила Рагуза – Водно , Киндер Парк како и индустриски кетеринг.

Поврзани вести

„Брако” инвестира 8 милиони евра во нов погон и ја претстави револуционерната еколошка иновација на Green Machines

Влатко Зорба

Бесими на средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори

Влатко Зорба

Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Берта Китинска