СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Работодавачите треба да си ја отслужат казната, а не да им се дава рок да ги вратат средствата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски во своето гостување на Утрински брифинг се осврна на вчерашните податоци кои ги сподели директорката на УЈП, Сања Лукаревска, а кои говорат за 306 работодавачи кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати.

„Злоупотребата на финансиската помош е позната уште од вториот пакет мерки. Податоците кои ги сподели директорката на УЈП, Лукаревска, се фрапантни. До нас стигнуваат постојани пријави. Сметам дека работодавачите треба да си ја отслужат казната, а не да им се дава рок да ги вратат средствата, а без притоа да помислат како работниците на кои не им биле исплатени платите го преживеале месецот“, истакна Димовски.

Во однос на петтиот пакет мерки и изоставената мерка за финансиска помош за исплата на плати, Димовски вели дека сметаат дека истата треба да продолжи бидејќи станува збор најмногу за најпогодените сектори.

„Со ограничувањето на работното време, неизвесно е колку приход ќе се оствари, за да се вратат подоцна земените бескаматни кредити кои се нудат во петтиот пакет економски мерки. Оттаму во најзагрозените сектори, сметаме дека треба да продолжи оваа мерка“, додаде Димовски.

Поврзани вести

Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата

Влатко Зорба

За еден ден заработил 5,1 милијарди долари!

Влатко Зорба

Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

Берта Китинска