СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ до работниците: Не е законски работодавачот да ве убедува дека за јануари 2021 година треба да ви се исплати плата во висина на минималната плата

По пријави од членови работници, Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение им укажува на работниците дека не е законски работодавачот да ги убедува дека за јануари 2021 година им се исплатила плата во висина на минималната плата, а работниците покрај работата со полн фонд на часови, биле дополнително ангажирани и за работа во празник (во јануари имаше неколку празници), работеле прекувремени часови (повеќе од 40 часа неделно или работеле 6 работни дена, што исто така не е законски- наместо 5 работни дена во неделата), имаат работен стаж (минат труд) повеќе од една година, работеле во смени, работеле ноќе и сл.

Со оглед на тоа што согласно Закон, платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец и платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период и сѐ уште се прават пресметки на плата, на работниците им укажуваме на нивното право, а на работодавачите на нивните обврски дека:

* Работникот има право на заработувачка- плата, согласно закон, колективен договор и договорот за вработување.

* Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж.

* Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време.

* Платата е составена од: – основна плата; – дел од плата за работна успешност, и – додатоци

* Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон.

* Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните, за определено работно место, како и основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: 35% за прекувремена работа, 35% за работа ноќе, 5% за работа во три смени, 50% работа во ден на неделен одмор. За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%, а додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.

Поврзани вести

Дејан Петков е добитник на главната награда од „Мој ДДВ, моја награда“ во износ од 3.000.000 денари

Почнува етапна исплата на пензиите во банките

Берта Китинска

На пазарот доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени

Влатко Зорба