СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

После 20 години ќе се ревидира и надгради договорор за Слободна трговија меѓу С. Македонија и Турција

Заедничката определба и интересот од потребата за ревидирање, односно модернизирање и надградба на билатералниот Договор за слободна трговија меѓу двете земји кој е во примена веќе 20 години, беше тема на разговор на денешната средба во Анкара меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и турската министерка за трговија Рухсар Пекчан.

Двајцата министри на средбата истакнаа дека економските односи помеѓу Северна Македонија и Турција се карактеризираат со мошне силен интензитет на соработка и размена на искуства во повеќе трговски и инвестициски сектори. Влезот на турските инвестиции од самото осамостојување до денеска е огромен показател за Турција да биде стабилен економски партнер во соработката со нашата држава.

Бектеши и Пекчан, информираат од Кабинетот на Бектеши, заеднички се согласија ревидирањето на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји да се одвива во три правци заради транспарентност на процедурите на одредени сектори за кои постои интерес, а се двигател на економската интеграција.

Министерот Бектеши на средбата истакна дека најновите состојби од ДАВОС Агендата, Регионалната ПЕМ конвенцијата и СТО препораките до земјите е да бидат отворени и инклузивни, да бидат посветени на институционална отвореност на правилата, регулативата, управување и стандарди, за практикување на мултилатерализам и градење на отворена светска економија, што е основа за градење на преференцијална трговија.

Бектеши потенцираше дека експертите веќе започнаа со работа за одредена либерализација на земјоделско-прехранбениот сектор кој реално ќе ја поддржат конкурентноста на пазари, усогласување на тарифните производи со најновиот хармонизиран систем во примена во двете земји, одредена реципрочна либерализација во трговијата со услуги и регулирање на новите правила за потекло.

-Резултатите од работата на експертите, ние двајцата министри ќе ја верификуваме во рамки на Мешовитиот комитет кој е задолжен да се грижи за непречена имплементација на Договорот за слободна трговија, кажа Бектеши на средбата со министерката Пекчан.

Според статистичките податоци, Република Турција во последните три години е рангирана на 8-то место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.

За 11 месеци во 2020 година, вкупната билатерална трговска размена е 477,3 милиони долари, од кои извозот од Северна Македонија е 85 милиони долари, а увозот од Турција е 392,3 милиони долари.

Министерот на средбата исто така информираше дека во однос на инвестициите, Турција е една од земјите која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори и се јавува како стратешки инвестициски партнер на нашата земја.

-Инвестицискиот потенцијал на Турција ја дефинираат како една од целните земји од која е можеме да очекуваме инвестиции во делот на производство на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, потоа бизнис-услуги и аутсорсинг, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура, заклучи министерот Бектеши на средбата во рамки на дводневната официјална посета на Република Турција.

Поврзани вести

Димковски: Лозарите ќе добијат двојно поголема дополнителна поддршка

Влатко Зорба

НУК: Состанокот со Битиќи презакажан за 30-ти јануари

Влатко Зорба

Забрана за бензинци и дизел возила од 2030 година во Британија

Александар Петровски