СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Еве што акумулираат крипто-китовите, според „Сентимент“

Компанијата за блокчејн анализи, „Сентимент“ вели дека три алткоини го поздравуваат растечкото внимание на крипто-китовите.

Аналитичката компанија забележува дека внимателно ја следи активноста на китовите во РЕН.

Според „Сентимент“, бројот на китови кои држат најмалку еден милион РЕН е зголемен за скоро 15% од 81 на 93 во период од 48 часа.

Компанијата посочува дека растечкиот број на китови придонел за ненадејниот пораст на рејтингот на РЕН на 5 февруари.

Друга паричка со растечко внимание кај китовите е Банд Протокол (БАНД). „Сентимент“ открива дека китовите со најмалку 10.000 БАНД токени скокнале за повеќе од 67% од 49 на 82 за помалку од четири месеци. Компанијата за крипто-анализи додава дека зголемувањето на бројот на китови се совпаѓа со зголемувањето на вредноста на нејзиниот конкурент „Чејнлинк“.

Третата монета акумулирана од китовите е Aве. „Сентимент“ вели дека бројот на адреси кои содржат 1.000 или повеќе Авe токени е зголемен од 266 на 399, што е пораст од 50%, бидејќи вредноста на Протоколот за децентрализирано финансирање (ДеФи) се зголеми во текот на минатиот месец.

„Сентимент“ открива и дека китовите губат интерес за три алткоини.

Според платформата за разузнавање на крипто-пазарот, адресите што содржат 10.000 или повеќе БНБ токени паднаа од 154 на 147 за период од три дена.

ДеФи агрегаторот на принос јерн,фајнанс (ЈФИ) исто така објави пад во интересот од страна на китовите. „Сентимент“ известува дека бројот на китови е намален за 10% од 43 на 39 за три дена.

Китовите мигрираат и од мрежата Целзиус (ЦЕЛ). Според „Сентимент“, китовите го напуштаат „пир-ту-пир“ протоколот за позајмување.

„Имаше 156 адреси со најмалку 100.000 ЦЕЛ пред една година, 86 пред една недела и само 79 адреси сега. Се подразбира дека ова е многу загрижувачки знак“, велат од платформата за анализи.

Поврзани вести

Продолжува опоравувањето на пазарот на криптовалути, биткоин повторно над 40.000 долари

Ethereum е најпотценето крипто средство

Влатко Зорба

Биткоин вреди повеќе од 60.000 долари – раст од 80% од почетокот на годинава

Влатко Зорба