СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МФ: Со предлог-измените на Законот за инвестициски фондови се создава можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал

Владата ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувaње на пазарот на капитал. Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите.

Од Министерството за финансии информираат дека измените на законот се составен дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви. Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи, a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во Република Северна Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд.

– Ова практично ќе значи дека ќе може да се отвораат т.н. фондови напојувачи. Под фонд напојувач се подразбира отворен инвестициски фонд кој најмалку 85 отсто од своите средства ги има вложено во удели на друг инвестициски фонд, таканаречен главен инвестициски фонд, кој ќе управува со доверените средства. Во постојниот закон, фондовите можат да доверат најмногу до 10 отсто од своите средства да ги управува друг фонд. На овој начин ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на капитал и можност за окрупнување на средствата од повеќе инвестициски фондови во еден фонд, што за инвеститорите ќе значи помали трошоци за управување и користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата, појаснуваат од Министерството за финансии.

Со предлог-измените во Законот, се додава во соопштението, се уредува и постапката за отворање филијала на странско друштво за управување на територијата на државата, како и можност друштвото за управување од нашата држава да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување квалификувано учество во странско друштво или преку отворање подружница односно филијала во странство.

Со предложените измени, воедно, се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува.

Како што наведуваат од Министерството за финансии предложените измени се во насока на олеснување на работењето на друштвата за управување со инвестициски фондови и во насока на усогласување со европските регулативи.

Поврзани вести

Девалвација на повеќе странски валути по падот на цената нафтата

Stefanija Kuzmanovska

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски

Фондот за осигурување депозити од утре треба да почне со исплата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка

Александар Петровски