Европскиот производител на пиво, „Heineken“ планира да скрати 8.000 вработени, откако бизнисот на компанијата беше погоден од блокадата на многу пазари на Стариот континент и затворањето на барови и ресторани.
Намалувањето на вработените во компанијата, кое ќе остави без работа околу една десетина од тимот на Heineken, е дел од планот за намалување на трошоците за 2 милијарди евра до 2023 година. Ова е јасно од официјалното соопштение на компанијата, цитирано од Блумберг.
Околу петтина од работните места што ќе бидат укинати се во канцелариите на компанијата. Нивните вработени ќе бидат отпуштени во првиот квартал од оваа година. Вториот најголем производител во светот по AB InBev, претстави дополнителни стратешки иницијативи како дел од својата програма за зголемување на оперативната маргина на 17% во 2023 година.
По излегувањето на вестите, акциите на производителот се намалија за 2,1% за време на раното тргување во Амстердам.
Во 2020 година, акциите паднаа за 6 проценти.