19.8 C
Скопје
16 септември, 2024
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

GTA V испорачанa во над 140 милиони примероци

Grand Theft Auto V е една од најпродаваните игри на сите времиња. Насловот е објавен во 2013 година, и оттогаш се продава многу добро. За време на неодамнешниот финансиски извештај, Take-Two објави дека играта на студиото Rockstar се продала во над 140 милиони примероци.

Со овој резултат на продажба, GTA V ја зацврсти својата предност како втора најпродавана игра на сите времиња, веднаш зад Minecraft, која сè уште држи рекордна продажба од над 200 милиони примероци.

Особено е импресивно што само во текот на 2020 година, GTA V беше продадена во 20 милиони примероци. Тоа ја прави минатата година втора најпродавана игра, веднаш по 2013 година кога играта првично беше објавена.

Бидејќи Grand Theft Auto V продолжува да доминира во продажбата, останува да видиме колку долго Rockstar ќе продолжи да ја позиционира GTA V како свој најнов наслов и уште колку време ќе треба да чекаме да биде објавена GTA VI .

Поврзани вести

Facebook Pay ви овозможува бесплатно испраќање пари во Instagram, WhatsApp и Messenger

msp-admin

Гејминг смартфоните ќе имаат Full HD дисплеи со стапка на освежување од 144Hz во 2021 година

Влатко Зорба

Apple го претстави новиот iPhone12 (ВИДЕО)

msp-admin