СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Viber со нова функционалност за организирање на задачи

Популарната апликација за комуникации Viber објави дека додава нова функционалност што ќе им овозможи на корисниците да ги организираат своите задачи без да излегуваат од апликацијата.

Додатокот се нарекува My notes („Мои белешки“) и е достапен преку списокот за разговори, а неговите можности вклучуваат создавање списоци со задачи и бришење по завршувањето, зачувување на омилени пораки, видеа, фотографии и налепници и синхронизација преку уреди и наскоро се очекува потсетник за најважните задачи на денот.

Ние сè уште не можеме да ја најдеме новата опција во Android апликацијата, но прашање на време е кога ќе се појави таму.

Поврзани вести

Концепт рендери го покажуваат Huawei P50

Влатко Зорба

Рансомвер напад: Хакери бараат 50 милиони долари од Apple

Влатко Зорба

Идните ажурирања за Android ќе ги подобри перформансите на вашите телефони