СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple ќе се префрли на своја 5G опрема во 2023 годна

Првите iPhone телефони што користат 5G опрема на Apple ќе се појават во 2023 година.

Apple го купи 5G системот на Intel во 2019 година, а во 2023 година ќе се појави првиот паметен телефон што ќе го користи тој систем.

Дотогаш, во следните две години, Apple ќе продолжи да го користи системот Qualcomm, што го користеше досега.

Qualcomm има уште две години да излезе со нов деловен план, бидејќи ќе остане без главниот партнер.

На Apple ќе му треба уште малку време да ги развие своите 5G мрежни чипови заедно со Intel, а засега тие остануваат на системот „Qualcomm“ / „Snapdragon X55“, кој во моментов е имплементиран во моделите „iPhone 12“.

Оваа и следната година ќе ги користи Snapdragon X60 и X65 за идните модели кои ќе излезат во продажба.

Поврзани вести

Успехот на iPhone 12 може да зависи од развојот на 5G мрежите

msp-admin

10 вредни вештини во сајбер безбедноста кои се важни во 2021 година

Влатко Зорба

Преземени се дури 4,2 милијарда пати: Апликации за Андроид кои можат да ги украдат сите податоци од вашиот мобилен телефон

msp-admin