СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Андроид апликација за скенирање баркод потенцијално компромитирала 10 милиони уреди со малициозен софтвер

Постојат апликации за сите намени, дури и за едноставни работи, како што се скенирање на бар-кодови. Всушност, ваквите апликации се навистина популарни, а доказ е и скенерот за баркодови, инсталиран над 10 милиони пати.

Сепак, се покажа дека апликацијата е малициозен софтвер и според компанијата Malwarebytes, се верува дека како резултат на малициозни намери, апликацијата може да зарази дури 10 милиони корисници.

Апликацијата сепак не е создадена со цел да биде злонамерна. Се чини дека во последното ажурирање на апликацијата е вметнат малициозен код и корисниците кои ја инсталираа апликацијата започнаа да забележуваат чудни работи што се случуваат со нивните телефони. Ова првично го откри корисникот Anon00, а Malwarebytes го потврди тоа.

Google оттогаш ја отстрани апликацијата од Play Store, но фактот дека е инсталирана над 10 милиони пати значи дека многу кориснички уреди најверојатно биле заразени од малициозен софтвер оттогаш.
Дури и ако ја избришете апликација, нема гаранција дека вашиот телефон е целосно безбеден.
Корисниците можеби ќе треба да преземат алатка за отстранување на малициозен софтвер ако сакаат да ја отстранат заканата.

Интересно е и малку застрашувачко, што апликацијата беше достапна во Play Store, како и дека малициозниот код беше толку умно скриен што дури и системите на Google не го регистрираа.

Поврзани вести

Honor 9X ќе биде достапен во Европа на крајот на месецот

msp-admin

Список на модели на Sony кои ќе се ажурираат до Android 10

msp-admin

Ричи Пенг: Изградба на оптимални 5G мрежи со одржливи иновации

Влатко Зорба