СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ПАД НА АКЦИИТЕ НА ФАЈЗЕР И АСТРАЗЕНЕКА: Една вест предизвика хаос на пазарот

Силниот раст на производителите на вакцини против коронавирус запре. Акциите на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ пропаѓаат по негативните вести од Јужна Африка. Спротивно на тоа, скокна вредноста на акциите на другите производители со добиени лиценци.

Златното доба на акциите на фармацевтските компании кои развиваат вакцина против ковид-19 заврши. Компаниите како „Фајзер“ и „АстраЗенека“ уживаа најголем интерес од инвеститорите, особено кон крајот на минатата година, кога одделни земји, вклучувајќи ги Соединетите држави и Европската унија, започнаа да ги одобруваат вакцините. Дебатите за нивната ефикасност, особено по извештаите од Јужна Африка, го намалија нивниот удел во последните денови.

Британската компанија „АстраЗенека“, која ја разви вакцината заедно со Универзитетот Оксфорд, има најмногу „брчки на лицето“. И покрај извештаите дека вакцината веројатно спречува пренесување на болеста и е многу ефикасна кај помладата популација, акциите на компанијата паѓаат. Од 26 јануари, за осум отсто.

Главната причина се прашањата во врска со ефективноста на вакцината кај постарата популација, како и кај новите мутации на коронавирусот. Додека кај луѓето на возраст под 55 години се проценува на 95 проценти, за ризичната група над 80 години може да биде само во единици проценти. Според компанијата, информациите објавени од таблоидот „Билд“ и економскиот дневен весник „Ханделсблат“ на крајот на јануари се „целосно неточни“.

Поради недостаток на податоци за ефикасноста на вакцината, четири земји на Европската унија – Германија, Австрија, Шведска и Франција – не сакаат да ја користат за постарата генерација. Швајцарија засега целосно престана да вакцинира со оваа вакцина. Британскиот премиер Борис Џонсон и француската министерка за здравство Оливија Веран мораа да ја бранат.

Значи, додека цената на акциите на „АстраЗенека“ се приближуваше до 60 долари за парче во ноември и јануари, денес таа е за 10 долари помалку.

„Фајзер“ исто така не е веќе на врвот. Промената се случи на почетокот на декември кога компанијата се подготвуваше да дозволи употреба на нејзината супстанца во САД. Акциите паднаа за 17 проценти од декември до денес, поради проблеми со снабдувањето. Сепак, „Бионтек“, кој учествуваше во развојот, ужива релативно стабилен, иако скромен, раст од почетокот на годината.

Некои други производители на вакцини продолжуваат да уживаат во постојан раст и покрај извештаите за можна помала ефикасност на вирусот во Јужна Африка.

Акциите на „Џонсон и Џонсон“ растат со умерено темпо, околу половина процент од почетокот на годинава. Наспроти ова, акциите на „Модерна“ и „Новавакс“ нагло се зголемија оваа година. Американската „Модерна“ порасна за 78 проценти од почетокот на годинава, а американската „Новавакс“ порасна за 183 проценти на крајот на јануари, по објавувањето на високата ефикасност на таа вакцина.

Поврзани вести

Која е директорката на Tik Tok што му се спротивстави на Трамп?

msp-admin

Дали женските лидери се поуспешни од мажите во време на корона?

msp-admin

Продлабочување на билатералната соработка помеѓу РСМ и Кина во областа на трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло

msp-admin