СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Огромен пад на продажбата на Volkswagen во годината на пандемија

Германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) соопшти дека светската продажба паднала за 15,2 проценти минатата година, како резултат на пандемијата КОВИД-19, но значително се опоравила кон крајот на годината, додека во 2020 година таа повеќе од тројно ja зголемila продажбата на електрi;ni возила, само на батерии.

Глобалната продажба на сите брендови на Volkswagen изнесува 9,3 милиони возила. Четвртиот квартал донесе помал пад, од 5,7 проценти, а во тој квартал, декември беше уште подобар, со дефицит од само 3,2 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година.

VW во средата соопшти дека продажбата паднала најмногу во Западна Европа, за 21,6 проценти, додека продажбата во Кина, најголемиот поединечен пазар на компанијата, паднала за 9,1 процент.

Продажбата на автомобили само на батерии порасна за 214 проценти, на 231.600 од 73.700 за сите брендови на компанијата.

Меѓу лидерите во продажбата на електронски возила беа „Volkswagen ID.3 Compact“ со 56.500, „Audi e-tron SUV“ со 47.300 и врвниот „Porsche Taican“ со 20.000 примероци.

VW соопшти дека неговата продажба паднала за помалку од вкупниот просек на пазарот за автомобили во светот, што значи дека малку го проширила својот удел на пазарот.

„Пандемијата Ковид-19 ја направи 2020 година исклучително предизвикувачка“, рече менаџерот за продажба на групацијата VW, Кристијан Далхај. „Групата VW се претстави добро во овие услови и ја зајакна својата позиција на пазарот“, рече тој.

Покрај матичната марка, брендовите на групацијата Volkswagen се „Audi“, „Porsche“, „SEAT“, „Škoda“ и камиони „MAN“ и „Scania“.

Поврзани вести

Повеќе банки заинтересирани за соработка со „Пошта“

msp-admin

Кина може да ги национализира компаниите на Џек Ма

Влатко Зорба

Колку би заработиле денес, доколку се обложевте на акции на Tesla пред 10 години?

Влатко Зорба