СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ТАВ бележат 71 отсто помалку патници во однос на 2019 година

Поради ковид кризата, македонските аеродроми во Скопје и Аеродром бележат 782.876 патници, односно 71% помалку во однос на 2019. година. Како што посочуваат, за да се надмине оваа ситуација, веројатно е неопходно да се направи системско тестирање на патниците на аеродромите, што аеродромскиот оператор веќе и го предложил на Владата.

„Поради одлуките на владите поврзани со КОВИД-19 и ограничувањата на патувањата ширум светот, 2020 година беше многу тешка година за авијацијата, следствено на тоа и за ТАВ Македонија. Скопскиот и охридскиот аеродром беа затворени за сообраќај на патници цели 3,5 месеци – од средината на март 2020 година до 1. јули 2020 година. По повторното отворање, се соочивме со забрана за патување во ЕУ/Шенген за македонските граѓани. Тоа резултираше со намалување на бројот на патници за 71 процент за целата 2020 година (јануари-декември 2020) или од 2.677.618 патници на двата македонски аеродрома во 2019 година, 2020 година ја завршивме со вкупно 782.876 патници“, изјавија за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на аеродрмите во државава.

Инаку, најголемата пречка за закрепнување на македонскиот воздушен сообраќај е забраната за патување поради КОВИД-19 воведена од земјите на ЕУ/Шенген за носителите на македонски пасош. Додека не се отстранат тие ограничувања и луѓето не почнат слободно да патуваат од туристички причини како што правеа претходно, велат од ТАВ Македонија, ќе се соочуваме со тешкотии.

Поврзани вести

Македонија е 63-та земја во светот по извоз на лекови

Влатко Зорба

Американската банка вработува поранешни осуденици

msp-admin

Угостителските објекти ќе работат до 20 часот