СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Развојна банка со инструкции за плаќање за корисниците на бескаматен кредит од „Ковид1“

Развојна банка на Северна Македонија ги известува корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), „Ковид1“ дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката.

Содржина на елементите на образец ПП30 и нивно пополнување при уплата на средствата од кредитна линија КОВИД1:

1. Во елементот “цел на дознака”, кој е алфанумерички податок е содржан опис на намената и основата за плаќање заради кој што е воспоставен налог, односно се внесува на пр: уплата на кредит по договор бр.ПКФ/ДИР/О/720.

2. Елементот “назив и седиште на примачот”, е алфанумерички податок кој го означува примачот на средствата. Го пополнува учесникот и во тоа поле се впишува називот и седиштето на правното лице на начин како што е заведен во Централниот регистар, односно: Министерство за финансии-посебен кредитен фонд.

3. Елементот “Трансакциска сметка на примачот”, (број на трансакциска сметката на примачот) претставува податок од 15 нумерички знака кои го претставуваат бројот на трансакциската сметка на клиентот во чија полза се врши плаќањето, односно: 100000000064647.

4. Елементот „банка на примачот”, е алфанумерички податок кој кој укажува на називот на банката каде се наоѓа сметката на налогодавачот, односно: НБРСМ .

5. Во елементот “повикување на број”, (при одобрување) се впишува нумерички податок кој с е содржи во доставениот план за отплата, на пример: 0041016007372 .

6. Елементот „шифра” (на плаќањето), е нумерички податок сочинет од три нумерички знака кој го пополнува учесникот, согласно со основата за плаќање, наведена во Шифрите на плаќање кај единствените платни инструменти, на пример:460

7. Елементот “начин” (на плаќањето), е нумерички податок кој го заведува налогодавачот, и укажува дака подносителот бара да се изврши уплатата преку МИПС –се впишува 1.

Во прилог пример за пополнет образец ПП30:

Поврзани вести

Американската компанија „Дура аутомотив системс“ гради две нови фабрики во Бунарџик

Stefanija Kuzmanovska

Милевски: Треба да се ограничи бројот на вработени во општинските администрации врз основа на бројот на жители

msp-admin

Парите од пропаднатите билети на Виз Ер ќе бидат трансферирани во кредити