СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Февруари е клучен за петтиот пакет мерки, за дел е неопходно и донесување законски решенија од Собранието

Во петтиот сет на економски мерки ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на платите согласно методологијата и механизмите кои беа предвидени во четвртиот сет, но истовремено ќе има и механизам за бескаматни кредити кои ќе бидат спроведени преку Развојната банка за таргетирани дејности, порача министерот за економија Крешник Бектеши во видео интервју за МИА, што утре ќе биде објавено во целост.

Тој посочи дека се при крај со подготовката и дизајнирањето на петтиот сет економски мерки и во текот на наредните денови, како што рече, ќе бидат презентирани од страна на претседателот на Владата и економскиот тим.

-Мерките се дизајнирани во согласност и со дијалог со стопанските комори, работодавачите, работниците и синдикатите. Веќе се разговарани во детали и очекуваме наскоро да почнат да се реализираат, истакна Бектеши и додаде дека за дел од мерките е неопходно и донесување законски решенија од страна на Собранието.

Февруари, потенцира, е клучен месец за носење на мерките и за завршување на сите процедури за да почне нивната реализација и во првата половина на март да имаат можност сите компании да аплицираат за различните мерки.

Поврзани вести

Здружение на оштетени штедачи: Дали надлежите институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на „Еуростандард“?

Влатко Зорба

Битиќи: Постигнувањето на целите за одржлив развој ќе придонесат за повисок квалитет на живот и подобар животен стандард

Влатко Зорба

Првите чартери на релација Софија – Охрид во септември и октомври

Stefanija Kuzmanovska