СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Грчките угостители очајни, бараат помош од владата

Сопствениците на грчки ресторани и кафулиња побараа од владата дополнителна поддршка за зачувување на работните места и егзистенцијата. Причината е што нивниот бизнис е сериозно погоден од мерките за запирање на инфекцијата со коронавирус.

Грција многу се потпира на туризмот и има околу 80.000 ресторани и кафулиња во кои работат околу 350.000 луѓе. Во септември минатата година, тие беа затворени со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 и им е дозволено да обезбедуваат услуги за достава на храна и да продаваат пијалоци за носење.

Тие не очекуваат бизнисот наскоро да се врати во нормала, особено откако во вторникот премиерот Кирјакос Мицотакис нареди целосно заклучување во пошироката област на Атина, поради обновување на бројот на хоспитализирани граѓани и потврдени случаи на инфекција со нови видови на коронавирус.

Со цел да им укажат на нивните проблеми, пренесе „Индекс“, угостителите во средата ги собрале клучевите од нивните ресторани и кафулиња и ги ставиле во кутии поставени на централниот плоштад во Атина и во другите грчки градови. Во наредните денови, тие планираат да ги предадат на кабинетот на премиерот.

„Четириесет и пет проценти од компаниите велат дека нема да можат повторно да ги отворат вратите за граѓаните“, рече Јанис Хацитеодороу, претседател на занаетчиската комора во Атина.

„Тоа е катастрофа во професионална и приватна смисла за компаниите кои со години се обидуваат да ја задржат главата над водата“, заклучи тој.

Грција релативно добро се справи со пандемијата, во споредба со другите европски земји, но беше принудена на делумно затворање во ноември, поради ширењето на инфекцијата, што се закануваше со колапс на здравствениот систем, ослабен од долготрајната финансиска криза.

Поврзани вести

САД се на добар пат за прв пат од 2013 година да пријават намалување на трговскиот дефицит

msp-admin

Lenovo ја зацврсти водечката позиција на глобалниот пазар на компјутери

Влатко Зорба

Над 1.000 физички и правни лица од туристичко-угостителскиот сектор ќе добијат финансиска помош

msp-admin