СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp подготвува онови функции во 2021 година

WhatsApp подготвува голем број нови функции што ќе бидат претставени оваа година. Вреди да се истакнат неколку од нив, почнувајќи од опцијата за испраќање аудио пораки, чија брзина на репродукција може да се прилагоди. Според WABetaInfo, достапните нови брзини ќе бидат 1,5X и 2X.

Покрај тоа, може да се додаде поддршка за гледање на Instagram Reels преку платформата. Ова може да биде дел од плановите за подлабока интеграција помеѓу услугите на Facebook. WhatsApp подготвува и функционалност што ќе овозможи користење сметка на повеќе уреди истовремено.

Друг корисен додаток во денешно време е групни видео и говорни повици преку десктоп апликацијата. Од неодамна, платформата нуди можност за испраќање пораки што исчезнуваат по седум дена за апликациите за Android и iOS. Наскоро се очекува да биде воведена опција за исчезнување на пораките 24 часа по нивното испраќање.

Поврзани вести

Google го следи однесувањето на корисниците на Android

Влатко Зорба

„Apple“ подготвува сопствен електричен автомобил

Никола Поповски

Вселенската агенција бара испитаници кои ќе лежат во када пет дена

msp-admin