СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Citigroup остана без 500 милиони долари што ги плати по грешка

Техничка грешка од август ја чинеше Citigroup, една од најголемите американски банки, околу 500 милиони долари, кои ненамерно завршија на сметките на доверителите. Окружниот суд во Њујорк пресуди дека „трансферите се конечни“ и не подлежат на отповикување.

Иако законот наложува парите што погрешно биле исплатени да му бидат вратени на испраќачот, судијата изјавил дека исклучок е Њујорк, каде што примателот има дозвола да ги задржи парите ако со нив подмирува долг и ако примачот не е свесен за грешка при примање на средствата, објави списанието „Форбс“.

Бидејќи примателите, односно 10 инвестициски консултантски компании, кои заедно добија нешто повеќе од половина милијарда долари, не влијаеја на случајната исплата, беше одлучено тие да ги задржат парите. Погрешни трансфери во вкупна вредност од околу 900 милиони долари беа извршени на 11 август, а Citibank успеа да ги поврати преостанатите 400 милиони долари.

Судот го нарече случајот „една од најголемите грешки во историјата на банкарството“, затоа што американската банка имала намера да плати камата од околу 7,8 милиони долари, а наместо тоа тие го платиле целиот износ на отплата на заемот во износ од 893 милиони долари. Citibank соопшти дека „силно не се согласува со пресудата“ и има намера да поднесе жалба.

„Ние силно се спротивставуваме на оваа одлука и имаме намера да поднесеме жалба. Ние веруваме дека имаме право на средства и ќе продолжиме да бараме целосна наплата“, наведува Citibank. Според судијата, заемодавателите биле оправдани верувајќи дека плаќањата биле намерни, бидејќи никогаш порано не се случила грешка од толкава големина и природа и не можеле да претпостават дека една од најсофистицираните финансиски институции во светот направила таква грешка.

Citigroup, под чие покровителство работи Citibank, минатата година оствари приход од 88,84 милијарди долари, а вредноста на нејзините акции е двојно зголемена во последната година. Според податоците од минатата година, банката има 204.000 вработени.

Нето приходот на Citigroup во четвртиот квартал од минатата година изнесува 4,3 милијарди долари. За цела 2020 година, банката објави нето приход од 11,4 милијарди долари, додека во 2019 година, нето-приходот изнесува 74,3 милијарди долари. Citigroup е една од банките на американската „голема финансиска четворка“.

Поврзани вести

Доларот зајакна по три недели пад

Се продава фабриката за чоколади „Симка“

Влатко Зорба

Понуди за Чебрен од десет големи светски енергетски и градежни компании

Никола Поповски